Македонија
20. February 2018 - 10:37

Возете внимателно: Одрон на патот Катланово-Велес

На патот Катланово-Велес кај селото Сопот има одрон на патот поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Јавното претпријатие „Македонија пат“ соопшти дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.