Македонија
22. јуни 2017 - 13:48

Возење за паметење: Нападнат таксист во Крива Паланка заедно со патниците

НК КР Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.В. (24) и Б.С. (25), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство”.
 
Пријавените, на 20 мај годинава на стариот локален пат за манастирот Св.Јоаким Осоговски, движејќи се со патничко возило „пежо“, го пресретнале С.П., кој како такси возач управувал патничко возилои „Опел
вектра“, во кое како патници се превезувале И.М. и А.М. и се обиделе физички да ги нападнат.
 
Пријавените со метална шипка удирале и го оштетиле возилото кое го управувал С.П..
 
Поради тоа оштетените биле принудени со возилото да бегаат.