Македонија
22. јуни 2017 - 13:38

Возачи внимавајте: Застанале на Ѓавато да пијат вода, разбојници ги ограбиле

Вчера околу 07.00 часот на регионалниот пат Битола-Ресен, на паркинг простор кај место викано „Ѓавато“, двајца непознати сторители извршиле разбојништво врз Ѓ.П. (53) од Битола. Ѓ.П. застанал да наполни вода и во тој момент лицата му побарале пари. Откако им рекол дека нема, едно од лицата му ја свиткало раката, а другото лице од рака му ја одзело белегзијата.
 
После тоа, со мотоцикл го напуштиле местото и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.