Македонија
21. February 2017 - 13:45

Вооружена драма во скопско Арачиново

Драма во скопско Арачиново се одвивала синоќа во 17 часот и 50 минути кога на бензинска пумпа дошле маскирани сторители и со пиштоли го одзеле дневниот промет.

Полциијата информира дека разбојниците со маски на лицата и вперен пиштол му побарале на вработениот кој бил на смена да им ги даде парите, и си заминале со 180.000 денари од дневниот промет.

 Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.