Македонија
15. October 2017 - 15:18

Вооружена драма во Скопје

Вчера во 22 часот во Скопје на улицата “Христо Татарчев“  во спортската обложувалница “Златна копачка“, засега непознато машко лице со закана со пиштол од вработениот одзело околу 100.000 денари.

Потоа насилникот го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.