Македонија
29. јуни 2017 - 15:36

Вооружена драма на Партизанска

Околу 13 часот во Единицата за известување и командување Скопје, пријавено е дека во казино на булевар „Партизански одреди“ непознат сторител извршил разбојништво.

Полицијата информира дека крадецот со закана со пиштол одзел неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.