Свет
24. July 2016 - 12:36

Вооружен инцидент во бар во Охајо, има најмалку двајца повредени

Во барот „Dabls“ во Хамилтон, во американската сојузна држава Охајо, ноќеска дошло до пукање во кое, како што наведуваат локалните медиуми, има неколку повредени лица.

На лице место излегле полициски и медицински екипе, пренесе порталот Дејтон дејли њуз.

Според порталот, пукотницата се случила ноќеска, околу два часот по полноќ, по локално време, а според првичните информации, со огнострелни повреди завршиле најмалку две лица.

Во истиот бар во август минатата година исто така беше регистриран вооружен инцидент.