Македонија
9. December 2016 - 15:07

Вонредна временска на УХМР: Спремете се за снег и студ

Во понеделник и вторник ќе има продор на студена воздушна маса од север, што ќе услови засилен северен ветер, особено од понеделник попладне. На места ќе провејува слаб снег, а дневната  температура од вторник позначително ќе опадне.

 Во понеделник максималната температура ќе се движи од 6 до 12, а од вторник до четврток од 2 до 9 степени. Утринските температури во понеделник и вторник ќе се движат од -4 до 4 степени, а потоа поради разведрувањето ќе опаднат и ќе бидат во интервала од -9 до 0 степени.