Македонија
2. February 2018 - 12:29

Вонредна прогноза на УХМР, следува викенд со снег и дожд

Дожд и ветер во пониските предели и снег на планините, најавува УХМР за претстојниот викенд во Македонија.

Утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни во вечерните и ноќните часови. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде на места ќе наврнат над 35 л/м2. 

Врнежи од снег најпрво ќе има само на повисоките планини, а до недела наутро снежната граница ќе се спушти до околу 1.500 метри надморска височина.

Во текот на утрешниот ден ќе дува и засилен, на моменти силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час.

Во недела претпладне се уште ќе има локални врнежи, а до крајот на денот облачноста ќе се намали и ќе настапи преодно стабилизирање на времето.