Македонија
24. July 2016 - 12:05

Вонредна метео прогноза од УХМР

Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
 
Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.
 
Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат, известуваат од УХМР Македонија.