Спорт плус
9. January 2016 - 16:40

Вон го стигна рекордот во спуст

Американката Линдзи Вон го израмни рекордот на легендарната Ана Марија Мосер-Прел, според бројот на победи во спуст, во Светскиот куп. Вон ја запиша вкупно 72-та победа во Светскиот куп, таа има 25 и во супервелеслалом и е апсолутна рекордерка во оваа дисциплина.
 
Спустот во Цаухенсен беше првиот во женското скијање, во кој се возеа две серии со скратен старт. 
 
Вон, во саботата, победи на спустот во Цаухенсен и стигна до 36-та победа во спуст во кариерата. Прел која рекордот го постави во јануари 1980 година, од трибините го следеше настапот на Вон и таа меѓу првите и честиташе на успехот.
 
Американката до победата стигна со време од 2:11.17, што за една секунда беше подбро време од она кое го оствари второпласираната Канаѓанка Лариса Јуркив.