Македонија
12. April 2017 - 8:41

„Волшебно велигденско дрво” за децата од Дневниот центар - Капиштец

Во пресрет на празникот Велигден, Црвениот крст на град Скопје организира настан „Волшебно велигденско дрво” за 39-те деца и младинци кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа - Капиштец.

Лицата од Центарот на 20 март ги запишаа своите желби на наменски картички, велигденски јајца, и заедно со волонтерите на Црвениот крст ги  закачија на големото Волшебно велигденско дрво. Сите хумани граѓани кои го посетија велигденското катче во ТЦ Рамстор како и ученици преку организирани работилници, имаа можност да ги исполнат желбите на лицата од Центарот и да придонесат за нивна среќа.

Активноста е во рамки на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби, а се реализира во соработка со Рамстор мол, Комерцијална банка и Центарот за социјална работа