Свет
11. September 2015 - 18:41

Волсфбург повика 1.200 бегалци на мечот против ЦСКА

Германскиот бундеслигаш Волфсбург соопшти дека на нетправарот во рамки на Лигата на шампионите во вторник против ЦСКА ќе повика 1.200 бегалци.

Германскиот вицешампион овој потег го објаснува со желбата на бегалците да им понуди „убава вечер со врвен меѓународен фудбал“.

Волфсбург претходно најави дека на бегалците ќе им донира по едно евро од секој продаден билет, а претходно повика 800 мигранти бесплатно да ги следат натпреварите на нивниот стадион.