-->
-->
Војдан Стојановски заслужено прогласен за МВП на „Трофеј Македонија“
-->
Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски го понесе признанието „МВП – Најкорисен играч“ на турнирот „Трофеј Македонија“ што изминатите три дена се одржа во Скопје.
Стојановски беше вистински лидер на македонскиот национален тим кој оствари три победи во исто толку одиграни натпревари и го освои првото место во конкуренција на Босна и Херцеговина, Холандија и Португалија, кои редоследно завршија зад Македонија.
Стојановски турнирот го заврши со просечни 12,3 поени по натпревра, иако на последниот против БиХ постигна само 4 откако селекторот Давитков реши на Војдан да му даде помала минутажа за да го одмори.
Португалците примија 10, а Холанѓаните немаа решение за Стојановски кој во мечот против популарните „лалиња“ уфрли 23 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози