Кошарка
16. January 2018 - 10:26

„Воините“ повторно подобри од Кливленд

Дуелот на минатогодишните финалисти Голден Стејт и Кливленд по втор пат сезонава му припадна на шампионот во НБА лигата, тимот на Вориорс. 

 
Откако на Божиќ пред своите симпатизери ги совладаа Кавси, синоќа кошаркарите на Голден Стејт тоа го направија и на теренот на Кливленд во дуелот кој го добија со 118-108. 
 
Кевин Дурент со 32 поени и Стеф Кари со 23 беа најзаслужни за 13-титот триумф во низа на шампионот.
 
Кај Кливленд, за кој ова беше четврти пораз во низа најефикасни беа Леброн Џејмс со 32 поени и  Ајзеа Томас ко јпостигна 19 поени. 
 
 
На останатоте средби беа постигнати овие резултати: 
 
Оклахома - Сакраменто 95-88
Јута - Индијана 94-109
ЛА Клиперс - Хјустон 113-102
Детроит - Шарлот 107-118
Филаделфија - Торонто 117-111
Вашингтон - Милвоки 95-104
Атланта - Сан Антонио 102-99
Бруклин - Њујорк 104-119
Чикаго - Мајами 119-111
Мемфис - ЛА Лејкерс 123-114