Свет
9. May 2016 - 10:43

Воена парада во Москва по повод Денот на победата

Со традиционална воена парада на московскиот Црвен плоштад денеска Русија денеска ја прославува 71-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна.

Воената парада во Москва почна во 10 часот по московско време, а се очекува на неа да учествуваат 10.000 лица. На парадата ќе бидат претставени 135 видови воена техника, а над градот ќе летаат 71 воен авион и хеликоптер.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, ќе има свое обраќање на воената парада. На Црвениот плоштад и премиерот Дмитриј Медведев.

По парадата рускиот претседател ќе им се приклучи на ветераните од војната и ќе положи цвеќе на спомениот на Непознатиот јунак, одавајќиим им почит на погинатите, пренесува ТАСС .

И оваа година низ улиците на градот ќе мине Бесмртниот полк. Оваа церемонија, во текот на која учесниците носат фотографии на членови на семејствата кои учествувале во војната, е позната и под називот Бесмртниот полк. Првпат таа била одржана во 2012 година во Томск, а веќе од 2014 година се одржува во 500 градови во седум земји.

Втората светска војна во Европа беше завршена на 9 мај 1945 година, кога се прогласи капитулацијата на нацистичка Германија.