Loading Video...
Свет
15. November 2017 - 17:30

Воен удар во Зимбабве: Роберт Мугабе, по 37 години на власт е во домашен притвор

Армијата во Зимбабве ја презеде контролата во земјата.  Не се работи за пуч, туку привремно преземање на власта за да справиме  со криминалаците околу претседателот Роберт Мугабе, објави армискиот портпаролот.

- Го уверуваме нашиот народ дека неговата екселенција претседателот и неговата сопруга се живи и здрави и дека нивната безбедност е загарантирана. Ние само ги напаѓаме криминалците околу него кои извршиле злосторства, кои предизвикуваат социјално  и економско страдање на земјата. Штом ќе ја постигнеме нашата мисија, очекуваме ситуацијата да се врати во нормала, изјави  портпаролот на армијаат на Зимбабве Сибусисо Мојо.

Овој потег на амријата се толкува како обид да се спречи сопругата на Мугабе, Греј да ја преземе власта. Со години таа не ги  крие нејзините претседатслкклки амбциии. За привремен шеф на дравата е назначен  Емерсон Мнангагва кој важи за наследник на Мухабе и кој неодамна Владата го разреши од  фукцијата потпретседател. 

93 годишниот Мугабе стана претседател на Зимбабве во 1987 година. Има најдолг претседателски стаж во Африка а веројанто и во светот. Неодамна изјави кога би се повлекол од функцијата.

- И покрај влошената здравствена состојба, ќе  размислувам за повлекување  од функцијата  кога ќе наполнам 100 години изјави Роберт Мугабе  Роберт Мугабе.

Според аналитичарите, неговото катастрофално справување со екомонијата и подготгвеноста да користи насилство за да ја одржи власта ја уништија една од најветувачките држави во Африка.