Македонија
21. March 2018 - 19:08

Водостојот на Охридското Езеро се искачи на 12 сантиметри над максималната кота

Врнежите од дожд го зголемија нивото на Охридското езеро. Моментално водостојот е на 12 сантиметри над максимално дозволемата кота од 693,75 метри.Екологистите стравуваат од евентуално излевање на веќе оптоварениот колекторски ситем.Тие велат дека потребна е итна мерка за ревитализација на пумпните станици и финансиска инекција за решавање на проблемот со колекторот за кој се зборува со години наназад .

Од општинскиот кризен штаб се во постојана комуникација со ЕЛЕМ, и будно ја следат ситуацијата .

Инаку до општинската комисија досега пристигнати се  околу 80 пријави за настанати штети од невремето кое што го зафати Охрид ,но се очекува бројката да расте и тоа најмногу на потегот од градското пристаниште до Канео.