Македонија
14. February 2018 - 11:03

Водостоите на реките повисоки од просекот за февруари

Водостоите на сите реки во Македонија, освен на Крива Река на мерното место кај Крива Паланка се повисоки од просекот за февруари, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во однос на вчерашниот ден има минимални разлики на нивоата на реките иако кај најголем дел има благо зголемување или намалување. Исклучок е Црн Дрим кај Ложани, каде водостојот е зголемен за речиси три пати.

Нивоата на природните езера се во рамките на повеќегодишниот просек за февруари.