Македонија
24. July 2016 - 17:40

Водата во Тетово почна да се избиструва - Конечните резултати во понеделник

Три дена заматувањето, водата во Тетово го подобрува квалитетот и се враќа бистрината. Физичко хемиските параметри покажуваат дека заматувањето го нема како што беше во петокот и дека параметрите се во рамки на нормалата, но се уште се чека да помине рокот од 72 часа за да се знае микробиолошкиот статус на водата за пиење. Тие резултати во тетовскиот Центар за јавно здравје ќе бидат познати во понеделник.

-Последните резултати од испитувањата на водат во Тетово се во рамки на нормала, а посебно она што не интересира матноста на водата е 0.2 до 0.3 нефолемедски турбидни единици. Максимално дозволени се 1.5. Што значи дека бистрината повторно ни се јави. Микробиолошките анализи се во тек, мегутоа присуството на резидеалниот хлор во водата за пиење ни дава за право да бидеме оптимисти дека и микробиолошките анализи ќе бидат во ред и ќе одговорааат на прописите.

Сепак остануваат препораките водата од чешмите да се преврива пред употреба или да се купува вода за пиење.

-До добивање на микробиолошките анализи остануваат оние препораки да се употребува превриена вода за пиење или да се купува вода.

До заматување на водата дојде поради изведување градежни работи на Попова Шапка во близина на еден од 4-те главни извори за вода за Тетово. По инцидентот работите се запрени, а се превземаат мерки за обезбедување на изворот.