Македонија
25. July 2016 - 16:38

Водата во Тетово е исправна за пиење

Сите анализи кои ги направиле во Центарот за јавно здравје укажуваат дека водата за пиење во Тетово е целосно исправна за пиење.  Резултатите покажале дека во рамки на нормалата се и физичко хемиските параметри како и микробиолошкиот статус.

-Најновите анализи нпокажуваат дека здравствената исправна и безбедност на водата се вратени во Тетово што значи дека пиеме здрава и безбедна вода. Од сите мерни места анализите покажуваат дека и физичко-хемиски и микробиолошки се исправни., изјави д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Бидејќи се најавуваат временски неприлики, од Центарот за јавно здравје предупредуваат за внимателност со цел да не се повтори состојбата.

Препорачувам на граганите за една будност  и на надлежните служби . Затоа што со голема количина на врнежи може да настане испирање во ископаната дупка па повторно да имаме пробој. Се надевам дека да се случи. Ние сме будни ќе ја контролираме меѓутоа морам да дадам една препорака за будност мегу населението, изјави д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

 До поголема заматеност дојде поради изведување градежни работи во близина на еден од 4-те главни извори на Попова Шапка.