Македонија
7. September 2015 - 17:00

Вода за пиење во прифатниот центар за мигранти кај Гевгелија

Прифатниот центар за мигрантите во Гевгелија ќе добие вода пиење од градскиот водовод.  Јавното претпријатие за комунални дејности  Комуналец  освен со техничка  која се доставуваше со помош на цистерни од сега центарот ќе го снабдува и со вода за пиење. За таа намена веќе е направена посебна линија која треба да го поврзува прифатниот центар со водоводната мрежа која го снабдува и градот Гевгелија.

,, Освен оградувањето на просторот каде што се издаваат сега дозволите, комуналното претпријатие е вклучено и во изградбата на водовод, односно обезбедувањето на центарот со вода за пиење. Тоа ќе го обезбедиме од градскиот водовод. Интензивно се работи и денес планираме да ја завршиме таа наша активност. Станува збор за околу 700 метри далечина и со соодветна опрема која ја користиме ќе биде обезбеден центарот со вода за пиење.,, вели Убавка Вегова – директор на ЈПКД ,, Комуналец,, од Гевгелија

Гевгелиското комунално претпријатие активно е вклучено и во делот на расчистување на сметот во кампот кој има површина од околу еден хектар.  За таа намена имаат ангажирано девет лица, бројка која деновиве би требало да биде зголемена , а со тоа да се овозможи 24 часовно одржување на хигиената во кампот низ кој  дневно транзитираат  по неколку илјади мигранти.