Свет
8. July 2015 - 8:33

Во Женева измерени рекордни 39,7 степени Целзиусови



Температурни рекорди беа одбележани вчера во неколку градови во Швајцарија, вклучително во Женева, каде беа измерени 39,7 степени Целзиусови, највисоката температури регистрирана досега на Северните Алпи.

Претходниот рекорд во градот - 38,9 степени, датира од 1921 година, додека швајцарските метеоролози прогнозираат дека може да стане уште потопло. 

Во Нушател температурата се искачи на 37,7 степени, а претходниот рекорд е исто така од 1921 година - 36,5 степени.

Највисоката температура, регистрирана некогаш во Швајцарија е 41,5 степени целзиусови во Горно, кантон Граубјунден, во 2003 година.