Македонија
23. November 2015 - 17:04

Во Врапчиште денес беше отворена првата јавна детска установа за деца од претшколска возраст

Градинка со капацитет за згрижување на 50 деца што денес беше отворена во  гостиварско Врапчиште, ќе функциониора во простории на основното училиште во селото. Градинката е дел од владиниот прект за поддршка на деца од претшколска  возраст во руралните средини што се спроведува со помош на УНДП.

Локалното население е задоволно што се отвора градинката поради долгогодишната потреба од вакви установи.

Иако беше најавена, на отворањето на градинката не дојде новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски.