Македонија
19. September 2016 - 15:14

Во Виница изложба на слики„Очите на ангелот“

Во изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница денеска беше отворена изложба на слики работени во акрилна техниука под наслов „Очите на ангелот“ од ликовниот уметник Новица Трајковски од Скопје.
 
Славко Данев,директор на домот од Виница информира дека на изложбата се поместени 33 дела работени со мотивска определба од христијанството.
 
- Во очите на ангелот се претставени слики на кои се прикажани ликовите на повеќе светители од христијанството, изјави Данев.
 
Изложбата на Новица Трајковски е десето негово престатвување пред ликовната јавност .Авторот заблагодарувајќи се на виничката публика, најави дека истата мотивска определба ќе продолжи и понатаму со нови дела и нови изложби.
 
Ликовната изложба во Виница е дел од програмата на Домот на културата „Тошо Арсов“ финансиски потпомогната од општина Виница. Љубителите на ликовната уметност од овој град изложбата ќе ја проследат во наредните петнаесетина дена.