Балкан
24. September 2016 - 8:51

Во Виена Самит за балканската рута

На покана од австрискиот канцелар Кристијан Керн денеска во Виена ќе биде одржан Самит за бегалската криза на кој ќе присуствуваат девет премиери од земјите на така наречената балканска рута.

Европската комисија ќе ја претставува комесарот за миграција Дмитрис Аврамополос, а на Самитот ќе учествува и претседателот на Советот на Европска унија Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел.

На Самитот ќе учествуваат премиерите на Македонија, на Грција, на Словенија, на Хрватска, на Албанија, на Унгарија, на Бугарија и на Србија.