Македонија
2. January 2016 - 18:22

Во Велес првото бебе во 2016 е женско

Во ЈЗУ Општа болница на акушерското одделение во Велес утрово во 8,16 часот се роди првото бебе во Новата 2016 година. Тоа е женско, од мајка 28-годишната  Фетие и татко Кадри Кадриови од велешкото село Горно Јаболчиште, а на кои им е  второ дете.
 
Првороденото бебе на кое родителите му дале име Исра е родено природно, тешко е 3 кг и 150 грама и долго 50 сантиметри.
 
Денеска мајката и бебето ги посети градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, кој од името на Општината му подари на бебето штедна книшка од 12 илјади денари, а од неговото семејство Чадиеви, подароци за мајката и бебето.
 
И второто бебе кое се роди денеска во велешката болница е женско, од мајката Џеврие Ахмедова на која ова и  е трето дете. Бебето се родило со тежина од 3 килограми 350 грама и должина од  50 сантиметри.
 
Инаку во велешката болница лани се родиле 815 бебиња, што е за 76 повеќе од претходната 2014 година кога се родиле739 бебиња.