Македонија
21. July 2017 - 18:41

Во Велес нема заразни болести поврзани со расипана и нечиста храна

Во Велес и регионот нема заразни болести поврзани со нечиста и расипана храна. Ова денеска го изјави Билјана Трајкова од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес.

Таа  апелира до граѓаните да внимаваат каква храна консумираат во овие летни денови.

- Посебно да внимаваат на напивките и водата која треба да биде чиста и исправна за да не дојде до заразни болести, предупреди Трајкова.