Македонија
30. August 2015 - 16:28

Во Велес ќе се гради храм посветен на Св. Јован Крстител

Нова црква се гради во Велес. Храмот ќе го носи името Свети Јован Крстител. Камен темелникот на новата црква денеска го освети архиепископот Охридски и Македонски Господин Стефан. Според него добро е што се градат нови верски објекти, но неопходно е да се зачуваат старите градби и богатството во нив.

Новата црква се гради во дел од дворот на касарната. Ова ќе биде прв храм во новиот дел на градот.

По барање на жителите се гради новата црква во Велес. Дел е од новиот урбанистички план за населбата Тунел.

Освен црква, на оваа локација ќе се гради и административна зграда за свештениците на Повардарската епархија.