Македонија
4. March 2018 - 9:37

Во Велес ќе биде погребана македонската поетеса Павлина Климкар Меанџиева

На градските гробишта во црквата „Св Спас“ во Велес денеска ќе биде погребана Павлина Климкар Меанџиева, една од најплодните македонски поетеси и професор по македонски јазик и литература во СОУ „Коле Неделковски“ во Велес од каде и се пензионира.

Имаше објавено над 25 стихозбирки,а нејзината поезија е застапена во повеќе антологии преведена е и се чита на англиски, германски, француски, српски, влашки и албански јазик.

Добитник е на многу награди и признанија, како и на први, втори и трети места, на Деветтоноемвриската плакета на Велес и високата награда за животно дело „Гемиџии“.

Беше член на ДПМ од 1995 година и на велешкиот Литературен клуб „Коста Солев“.

МИА во своите написи редовно и детално информираше за издавањето на секоја нејзина стихозбирка, а последниот напис беше на 23 јануари јануари годинава кога во Народниот театар се одржа и целовечерен партрет и разговори со писателката, а беа интерпретирании  стихови од нејзините бројни стихозбирки.