Балкан
8. December 2016 - 11:25

Во Валона запленети 215 килограми, во Италија 400 килограми марихуана

Албанската полиција во приморскиот град Валона заплени 215 килограми марихуана, пакувана во 53 пакетчиња.

Полицијата забележала сомнително возило, се обидела да го запре но тоа ја зголемило брзината, по што возачот го напуштил возилото и успеал да и побегне да полицијата.

Постои сомневање дека дрогата требало да заврши на италијанскиот нарко пазар.

Претходно италијаската поморска патрола Гуарда ди финанца во водите на Јадранско Море пресретнала чамец натоварен со 400 килограми марихуана.

Уапсени се три лица, еден Албанец од Валона и двајца Италијанци од Бриндизи.

За помалку од еден месец албанската, италијанската и грчката полиција заплениле неколку тони марихуна произведена во Албанија.