Балкан
22. July 2017 - 20:24

Во Турција се приведуваат граѓани кои носат маици со натпис „Херој“

Турската полиција во текот на минатата недела притвори најмалку 15 лица поради тоа што носеле маици со апликација „Херој“, за што властите претпоставуваат дека е скриена порака со поддршка за наводниот организатор на минатогодишниот неуспешниот воен удар, Фетулах Ѓулен.

Полицијата привела лица кои носеле црна маица со голем бел натпис на англиски јазик „Херој“, а под тоа пишувало „Хероите се бесмртни“.

Турските власти тврдат дека слоганот претставува скриена порака со поддршка за Ѓулен, муслиманскиот проповедник кој живее во САД.

На 13 јули еден од осомничените за учество во обидот за атентат за време на пучот, во судот е фотографиран во бела блуза со натпис „Херој“. Тоа предизвика бес на социјалните мрежи, чии корисници истакнаа дека тоа е навреда за 249 луѓе кои загинаа за време на неуспешниот воен удар.