Балкан
26. May 2017 - 12:51

Во Турција отпуштени повеќе од 4.000 судии и обвинители

Во Турција досега отпуштени се повеќе од 4.000 судии и обвинители поради сомнение дека имале врски со минатогодинешниот обид за преврат, изјави турскиот министер за правда Беќир Боздаг.

Тој соопшти дека правосудството е исчистено од приврзаници на свештеникот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого владата го обвини дека стои зад обидот за пуч.

Повеќе од 100.000 лица во полиција, правосудство, јавни служби и приватниот сектор се отпуштени или суспендирани поради наводни врски со Ѓулен.