Македонија
27. April 2017 - 9:31

Во Турција од должност привремено отстранети 9.103 полицајци за врски со обидот за преврат

Во Турција од должност привремено се отстранети 9.103 полициски службеници, јави денеска телевизијата Си-Ен-Ен-Турк, цитирана од британските медиуми. 

Мерката е дел од истрагата за претпоставените врски со турскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, и за кого се тврди дека стои зад неуспешниот обид за преврат од јули минатата година.

Турските власти по превратот упасија 40.000 лица, а сменети или отстранети од должност беа 120.000 претставници  на мноштво професии - од војници до учители и државни службеници.

Претходно денеска над 1.000 лица беа приведени во полициска акција, што опфати 72 окрузи низ земјата.

Турските власти посочија дека уапсиле над илјада „тајни имами“, кои се инфилтрирале во полициските сили по наредба на Ѓулен.