Свет
27. January 2016 - 19:58

Во Тунис разбиена група која селектирала борци за Исламска држава

Силите за борба против тероризмот во Тунис разбиле група која врбувала борци за Исламска држава (ИД), соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пренесоа британските медиуми.

Според соопштението на МВР, групата од крајбрежниот град Бизерта броела девет лица, кои по апсењето признале дека селектирале луѓе за ИД во Либија и Сирија.

Во текот на ноември во Тунис беше прогласена вонредна состојба заради бомбашкиот напад врз автобус во кој загинаа 12 припадници на претседателската гарда.

Неколку илјади Тунижани се борат во редовите на ИД и другите групи во Ирак и Сирија.

Некои од атентатите во Тунис беа извршени од Тунижани обучувани во воените кампови во Либија, потсетуваат британските медиуми.