Свет
27. јуни 2016 - 21:19

Во три напади на ИД во Јемен загинаа најмалку 14 лица

Најмалку 14 лица се убиени денеска во Јемен во три одвоени, но координирани бомбашки напади за кои одговорноста ја презеде Исламската држава. 

Мета на нападите биле владините сили во пристаништниот град Мукала во јужен Јемен. 

Јеменските лекари и безбедносните сили наведоа дека најмалку 15 лица се ранети во нападите кои се случиле во моментот кога војниците се подготвувале да го прекинат целодневниот рамазански пост.