Ракомет
22. May 2017 - 23:02

Во три дена - три победи на Вардар во Битола

Ракометарите на Вардар вечерва остварија нова победа во плеј офот откако во првиот натпревар од 8.коло како гости го совладаа битолски Пелистер со  36:24 (14:13). До убедливата победа „црвно-црните“ стигнаа со подобрата игра во вториот дел.
Воедно ова беше трета победа на „црвено-црните“ во три дена во Битола откако претходно постигна две победи во рамките на Купот на Македонија.
Другите два дуела од осмото коло се играат на 24.мај (среда). Во Битола Еурофарм Работник е домаќин на Борец, а почетокот на дуелот е во 13 часот, додека од 18:30 часот Охрид е домаќин на Металург.
Табела: Вардар 21 бод, Металург 18, Охрид 12, Еурофарм Работник 9, Пелистер 6, Борец 0.