Македонија
24. July 2016 - 16:51

Во тетовско се одбележаа 15 години од загинување на полицајци, убиства и киднапирање Македонци

Во Тетовско се одржаа два меморијални настани со цел да се одбележаа 15 години од загинувањето на тамошните полицајци, убиствата и киднапирањата нанеколкумина жители Македонци во конфликтот во 2001 година. 
Во тетовски Лешок денес беше одбележана 15 годишнината од смртта на бранителот Ѓоко Лазаревски кој во 2001-ва на 29 години загина бранејќи го своето родно место. Настрадал при евакуација на населението во тек на вооружените напади. 
Во Непроштено вчера се одбележа 5-годишнината од убиство на Стојан Михајловски како и исчезнувањето на неговите соселани Крсто Гоговски, Цветко Михајловски и Васко Михајловски во конфликтот во 2001 година, чии тела се уште не се пронајдени. Пред спомен обележјата се одржа и панихида.