Во Тетовско откриени објекти каде незаконски се организирале игри на среќа
Три објекти каде биле приредувани игри на среќа без потребната законска документација биле цел на акциската контрола што преставници на СВР Тетово и вработени во УЈП ја спровеле вчера во тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци биле контролирани по еден објект во Тетово сопственост на Н.Ч.(45), во селото Селце сопственост на Б.Е.(37) од ова село и во Јажинце, објект во сопственост на В.М.(28) од Пирок.
- При заедничките контроли на полицијата у УЈП во трите објекти пронајдени и одземени се седум телевизори, еден монитор, два печатачи, три компјутерски куќишта, два покер апарати, четири монитори за компјутер, три компјутерски мауси, една тастатура и еден бар код читач, рече Јосифовски.
Тој посочи дека се работи на сите поединости како, колку и какви игри на среќа се приредувале во објектите по што сопствениците ќе добијат соодветно поднесоци по законот за приредување игри на среќа и ЗКП од страна на полицијата како и парични и други санкции во надлежност на УЈП.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок