Бизнис
21. October 2016 - 19:45

Во Тетово ќе се градат социјални и комерцијални станови

Големата побарувачка за станови во Тетово е причината и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор да размислува за градење на нови станбени единици за слободна продажба. Идејата ќе се реализира со оглед на тоа што друштвото има градежна парцела во државна сопственост.

Директорот на Акционерското друштво денес во тетовската подружница директно одговараше на прашањата на граѓаните во рамки на отворениот ден.