Бизнис
12. July 2017 - 9:00

Во тек жетвата на пченицата и јачменот во Дебарско

Во општините Дебар и Центар Жупа во тек е жетвата на пченицата и јачменот. Жетвата на пченицата почна деновиве, а на јаменот веќе пола е завршена.

- Кај пченицата забележани се просечни приноси од 2.800 килограми по единица хектар. Оваа култура е застапена на 145 хектари и до сега ожнеани се над десет проценти. Јачменот е засеан на 160 хектари и до сега ожнени се пола од површните, а просечниот принос е три тони по единица хектар, изјави Арбен Муладаури, раководител на дебарската Подрачна единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него, во тек е и жетвата на ржта на 15 хектари.

Муладаури апелира до земјоделците да аплицираат на огласот за добивање субвенции. Во просек годишно од двете општини субвенции остваруваат по 850 земјоделци на кои им се исплатува вкупен износ од околу милион евра.