Свет
17. August 2017 - 14:27

Во свлечиште во Конго погинаа 40 лица

Свлечиште затрупало 40 лица откако се втурнало врз рибарско село на брегот на езерото Алберт, на североистокот од Демократска Република Конго, пренесоа француските медиуми.

Одроните од блиската планина паднале врз камп со рибари, откако големите дождови претходно го предизвикале свлечиштето, пишуваат француските медиуми.

Заменик гувернерот на провинцијата Итури, за француските медиуми изјави дека во свлечиштето погинале 40 лица.