Македонија
26. January 2017 - 15:50

Во светот сообраќајното загадување се намалува со сообраќајници на повеќе нивоа

Според официјални информации 20 % од загадувањето во Скопје се должи на сообраќајот. 

Еден од предлозите на Министерството за екологија е да се воведе користење на возилата по примерот пар-непар. Мерка за која експертите велат дека ќе даде само краткотраен ефект а особено штета ќе трпат бизнисмените. 
Затоа можеби треба да се следи примерот на големите светски метрополи кои уште сега инвестираат во долгорочни програми за воведување на брз сообраќај со што помалку семафори и застој во сообраќајот. Сообраќај со сообраќајници на 2 или 3 нивоа. 
Такви градови се Барселона, Виена во поново време Ереван и пред се Дубаи. 
За жал во Скопје сообраќајот со години се одвива на едно ниво па имаме неколку критични точки каде сообраќајот е многу бавен а тоа значи и енормна емисија на штетни гасови. 
Најкритичен е потегот од Владата на РМ до сајмиште , потоа кај Нова Македонија , потоа кај собранието, железничка станица, прва партизанска. Исто така и покрај проширувањето Илинденска е многу бавна поради бројните пешачки премини и семафори.
Пример на модерен град со убави сообраќајни решенија е главниот град на Белорусија Минск. Сите главни сообраќајници имаат плитки подземни пешачки премини. 
Време е Скопје да почне да инвестира во побрз сообраќај во спротивно загадувањето и натаму ќе биде на високо ниво. Секако потребно е и трамвајско решение....