Бизнис
15. јуни 2017 - 16:30

Во светниколоското село Кнежје град уништи 200 хектари земјоделски култури

Градот им го уништи родот на земјоделците од светиниколското село Кнежје. Земјоделецот Чедо Костадиновски вели дека вчера доцна попладнето градот им го уништил родот на околу 200 хектари земјоделски површини.

- Дињите, бостанот, лозјето, гравот и тутунот оштетени се до 100 отсто. Житарицата е оштетена од 60 до 70 отсто, и е по земја. Прво сушата, па сега и градот ни го уништи родот, вели Костадиновски.

Во светиниколското село Кнежје жителите егизистираат само од земјоделство и сточарство. Бараат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формираат комисии и да излезат на терен, со цел да се утврдат штетите од градот, кој го зафати овој атар во светниколскиот регион.