Свет
26. April 2017 - 21:01

Во судир на ривалски банди во затвор во Венецуела загинаа 12 луѓе

Најмалку 12 лица загинаа, а 11 се повредени во судир меѓу ривалски банди во еден затвор во источниот дел на Венецуела.

Деветмина починале од повреди од огнено оружје.

Полицијата соопшти дека во затворот се преземаат мерки за разоружување на затворениците, но оти таму „се уште има оружје и затвореници кои се бунат“.

Судирите избија во вчера утрото во затворот во источниот град Барселона.