Македонија
24. February 2017 - 16:59

Во Струмица почнува карневалското ,,лудило‘‘

Струмица почнува да пулсира во ритамот на карневалот. Карневалската атмосфера се чувствува насекаде во градот, а најраздвижено е во гаражите и работилниците каде се финализираат подготовките за утрешниот старт на најголемата забава под маски во Македонија.  Таква е атмосферата и во граѓанското здржение Струма каде после  два месеци неуморна работа се довршуваат најситните детали на новата карневалска маска.

,, Веќе сме при крај. Другиот дел од маската, облеката и украсите се готови и ни останува уште само возилото. Работиме цели два месеци. Се знае дека сме хронично болни по струмичкиот карневал и тие два месеци ни се ангажирани само за работа со карневалските маски.,, вели Добрил Достинова – граѓанско здружение Струма

Во реализацијата на маската годинава учествуваат околу 40 лица. Се работи на неколку локации каде секој детал се изработува рачно.

,, Ние изработуваме карневалска маска, не користиме никаков готов елемент, значи се се изработува рачно. Оваа година на возилото само на средишниот дел имаме заштрафено над 3000 штрафови, долниот дел уште не е готов  и тука ќе се штрафи и  напред на возилото што ќе ја влече приколката,  значи само 5000 штрафови ќе имаме заштрафено, плус материјалот што е употребен за облеката и тој е некаде над 200 метри. Вели Достинова

Најавата на големото карневалски славје пред два дена ја направија најмладите со детскиот маскенбал, а продолжија учениците од музичкото училиште со концертот  под маски. Официјалниот старт ќе биде означен вечерва со традиционалниот маскнебал, а главното карневалско дефиле е зкажано за утре во кое ќе учествуваат околу педесетина карневалски групи од земјата и странство со близу 3000  учесници.