Во Струга тренинг-обука посветена на современите маркетинг практики
Стотина експерти по маркетинг од 11 држави од три континенти учествуваат во работата на последната тренинг-обука во рамки на проектот „Млади маркетинг полисмејкери за одржив развој (Youth Marketing Policy Makers for Sustainable Development - YouMUST)“ што од денеска се одржува во Струга.
Станува збор за активност поддржана од Европската комисија, насочена кон промовирање на економските потенцијали на Република Македонија, со цел продлабочување на маркетинг - знаењата преку подобро взаемно претставување и информирање во функција на директно поврзување на економиите на државите - учеснички во проектот.
Во наредните седум дена 32 учесници од Македонија, Бугарија, Гана, Киргистан, Непал, Полска, Романија, Хрватска, Словачка, Словенија и од Чешка ќе разменуваат искуства и познавања од современите трендови за зголемување на креативноста и на организационите капацитети во функција на продлабочување на маркетинг-практиката во имплементацијата на трите столба на одржливиот развој: економските, социјалните и бенефитите за зачувување на животната средина, особено преку користењето на социјалните мрежи.
Координатор на проектот чија реализација почна во август минатата година е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ - Скопје.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно