Во страствен бакнеж, Благица Павловска не крие дека е заљубена
Благица и нејзиниот сакан постојано се, како што вели таа, на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.
По многуте животни удари, пејачката Благица Павловска го пронајде внатрешниот мир.
Таа не се штеди преку социјалните мрежи на сите да им покаже дека во љубовта најпосле и цветаат ружи, па затоа нема што да крие кога е љубовта во прашање, пишува Вистина.мк.
Благица и нејзиниот сакан постојано се, како што вели таа, на „љубовен пат“, често патуваат и уживаат во љубовта.
-Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата љубов Тале, пренесе Вистина.мк.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море