Македонија
18. October 2017 - 12:20

Во советот на Маврово-Ростуше, најмногу советници од коалицијата на СДСМ

Коалицијата предводена од СДСМ ќе има најбројна советничка група во Маврово-Ростуше, најмалата по бројност општина во гостиварскиот регион.     

Листата на СДСМ доби 1.570 гласови (43,56%) и освои 6 мандати. По двајца членови во новиот совет ќе имаат Демократската партија на турците во Македонија (ДПТ) за добиените 694 гласа (19, 26%) и коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со 622 гласа (17,26%).

Листата на ДУИ на последните избори доби 370 гласови (10,27%) и обезбеди еден советнички мандат. Листата на групата избирачи чиј носител беше Ристо Поповски доби доверба од 164 гласачи (4,55%), но заради цензусот не успеа да освои мандат.

Во оваа општина гласале 3.604 лица (36,60%), а вкупниот број на неважечки ливчиња бил 184.