Македонија
24. April 2016 - 12:43

Во сообраќајка во Ѓорче Петров, еден повреден

Синоќа во 22,12 часот во Скопје на крстосница од ул.„Иван Цанкар“ и ул.„Ацо Шопов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(31) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ исто така со скопски регистарски ознаки управувано од Б.З.(44).

Во незгодата со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) се здобил возачот на Фордот З.Б.